Top Sport

Франк Рајкард се враќа на големата сцена?

Поранешниот тренер на Барселона, Франк Рајкард, ова лето би можел да се врати на големата сцена. Холанѓанецот е без ангажман од 2013 година кога ја заврши епизодата во Саудиска Арабија. Тогаш тој изјавил дека нема повеќе намера да работи како фудбалски тренер.

„Фокс спорт“, тврди дека новиот спортски директор на Милан, Леонардо, бара нов тренер, а на врвот на листата на неговите желби се наоѓа името на Рајкард. Холанѓанецот како играч имаше неколку брилијантни сезони во Милан.

Пет сезони, на почетокот на 90. години од минатиот век Рајкард играше во Милан, заедно со сонародниците Руд Гулит и Марко ван Бастен. Во тој период освои три титули во првенството и две во Лигата на шампионите.

Според истиот извор, Рајкар немал ништо против повторно да и се врати на тренерската работа и тоа во клубот каде доживеа незаборавни моменти како играч.

Рајкард во кариерата бил тренер на Спарта од Ротердам, Галатасарај и Барселона, а како селектор ги предводел Холандија и Саудиска Арабија.

Scroll to Top