Францускиот фудбалер Франк Рибери, на 39. годишна возраст стави крај на професионалната кариера.
Поранешниот играч на Баерн својата одлука ја соопшти преку социјалните мрежи.
„Топката застанува, но не и чувствата во мене. Ви благодарам на сите за оваа голема авантура“, напиша Рибери во описот на видеото што го објави.
The ball stops. The feelings inside me do not. ✨
Der Ball ruht. Die Gefühle in mir nicht. ✨
Le ballon s’arrette mais pas mes sentiments pour lui. ✨
Il pallone si ferma. Le emozioni dentro di me, no. ✨Thanks to everyone for this great adventure. 🙏🏼#FR7 #Elhamdoulillah pic.twitter.com/Ku4i1MeEbE
— Franck Ribéry (@FranckRibery) October 21, 2022
Во текот на својата 22.годишна кариера, Рибери играше за девет клуба, од кои последен беше италијанска Салернитана, за кој оваа сезона забележа само еден настап.
Најдобрите моменти во кариерата ги доживеа за време на неговиот престој во Баерн Минхен, каде на 273 натпревари постигна 86 гола. Со Баерн освои девет титули во Бундеслигата, а најзначаен трофеј е оној од 2013 година кога Баварците ја освоија Лигата на шампионите.
За репрезентацијата на Франција одигра 81 натпревар и постигна 16 голови.