Ајнтрахт Франкфурт е последниот осминафиналист од Лига Европа, откако во одложениот меч на гостувањето кај Салцбург одиграа 2:2, по 4:1 победата на домашен терен, и дуел со швајцарскиот Базел во осминафиналето.
Салцбург поведе преку Улмер уште во 10. минута, но Андре Силва израмни по половина час игра, по што австрискиот тим требаше да постигне три гола за продолжение. Во 72. минута тие стигнаа до 2:1 водство преку Онгеуне, но Силва со својот втор гол во 83. минута ги постави конечните 2:2.