Top Sport

Франкфурт со гол по 35 секунди го победи Хофенхајм (видео)

Ајнтрахт Франкфурт и покрај заминувањата на неколку клучни фудбалери (Лука Јовиќ, Себастиен Алер), со победа ја отвори новата сезона од Бундеслигата, откако успеа да ги победи Хофенхајм со 1:0 благодарение на гол кој падна по само 35 секунди игра.

Филип Костиќ имаше убаво нафрлање во шестнаесетникот на гостите, а Мартин Хинтерегер го пронајде патот до голот на Оливер Бауман за прекрасен старт на мечот.

До крајот на мечот, гостите имаа повеќе од поседот на топката, но Ајнтрахт имаше повеќе изгледни шанси пред мечот да заврши со минимална победа.

Scroll to Top