Top Sport

„Франс фудбал“ го објави вториот и третиот најдобар тим во историјата

Веројатно за да ги „исправат грешките“ од реномираниот „Франс фудбал“ го објавија и вториот односно третиот најдобар тим во историјата на фудбалот.

„Франс фудбал“, според многумина се впушти во „борба со ветерници“, бидејќи речиси е невозможно да се состави најдобриот тим на сите времиња. Во најдобриот тим, многумина сметаат дека треба да има место и за Јохан Кројф, Зинедин Зидан, Роналдињо…Овие мајстори на фудбалот се најдоа во вториот најдобар тим во историјата.

Во вториот тим се: Џиџи Буфон, Карлос Алберто, Франко Барези, Роберто Карлос, Андреа Пирло, Франк Рајкард, Зинедин Зидан, Алфредо Ди Стефано, Роналдињо, Гаринча, Јохан Кројф.

Исто така гласовите на 140 новинари го одредија о третиот тим.

Мануел Ноер, Филип Лам, Серхио рамос, Паул Брајтнер, Јохан Нескенс, Диди, Андрес Иниеста, Мишел Платини, Џорџ Бест, Тиери Анри, Марко ван Бастен.

 

Scroll to Top