Top Sport

„Франс фудбал“ го заборави Паоло Роси

„Франс фудбал“ направи голема грешка на церемонија, на која ја додели Златната топка. На церемонија заборавија да му одадат почит на Паоло Роси, кој почина минатата година. Во делот во кој „Франс фудбал“ се потсети на оние фудбалери кои не напуштија во последните 12 месеци, го немаше италијанскиот херој од 1982 година.

Уредникот на „Франс фудбал“, Паскал Фере рекол дека ќе разговара со семејството на Роси. Неколку италијански медиуми објавија дека тој ја контактирал сопругата на Роси, Федерика Капелети и се извинил за направениот пропуст. Ветил дека посебна церемонија ќе биде одржана во јануари.

Роси почина на 9.декември 2020 година. Во кариерата играл за Јувентус, Милан, Виченца и Верона. Ја предводеше Италија до титулата светски првак на Светското првенство во 1982 година.

Scroll to Top