Top Sport

Рангник доби работна дозвола, ќе дебитира против Кристал Палас

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, започна со работа на „Олд Трафорд“. 63-годишниот Германец денеска ја добил работната дозвола за Велика Британија.

Рангник на функцијата го замени Оле Гунар Солскјер, потпиша договор до крајот на сезоната. Кога ќе му истече договорот тој ќе остане во клубот и во наредните две години и ќе работи како консултант.

Бидејќи немаше работна дозвола тој не можеше да работи со фудбалерите. Поради тоа и вечерва против Арснеал, Јунајтед ќе го предводи Мајкл Келрик.

Рангник ќе дебитира викендов против Кристал Палас.

Scroll to Top