Top Sport

Удинезе го отпушти Одо, Tудор на „жешкото“ столче (обновено)

Удинезе потврди дека го отпушит тренерот Масимо Одо, а италијанските медиуми тврдат дека хрватскиот тренер Игор Тудор ќе биде негов заменик.

„Зебрите“ во текот на викендот загубија од Кротоне, што беше нивни 11-ти пораз во низа, и поранешниот дефанзивец на Милан знаеше дека ќе замине.

„Удинезе објавува дека го ослободи Масимо Одо и неговиот тим од водството на првиот тим. Им благодариме за соработката“, се вели во известувањето на клубот.

Иако се веруваше дека Андреа Страмачони ќе се врати во клубот, преговорите со него не успеаја, по што втора опција беше враќање на Луиџи дел Нери, но сега „Скај Италија“ и „Газета дело спорт“ тврдат дека поранешниот дефанзивец на Јувентус, Тудор ќе го преземе клубот, нешто што тие подоцна го потврдија.

Хрватот, кој беше отпуштен од Галатасарај во декември, ќе потпише договор до 2019 година.

Фото: ЕПА

Scroll to Top