Top Sport

Францускиот претседател Макрон пак ќе се вмеша во „случајот“ Мбапе

Иднината на Килијан Мбапе во Пари Сен-Жермен повторно стана неизвесна оваа недела, откако 24-годишната мегаѕвезда потврди дека не планира да го продолжи договорот со клубот од Париз, со што следното лето би останал слободен играч.

Ова значи дека ПСЖ ќе треба да го продадат вториот најскап фудбалер во историјата (180 милиони евра) ова лето доколку сакаат да вратат дел од вложените пари. Ситуацијата се влоши со интервјуто на Мбапе во која го критикуваше клубот, но и навивачите околу однесувањето кон Лионел Меси, така што според шпанскиот „Диарио Ас“, во случајот се вклучил и францускиот претседател Емануел Макрон.

„Немам новости околу тоа, но ќе се обидам да го убедам да остане“, изјавил Макрон.

Ова нема да биде првпат Макрон да се ангажира за задржување на Мбапе, откако според повеќе француски медиуми токму неговата интервенција го спречила трансферот во Реал Мадрид пред неколку години.

Scroll to Top