Top Sport

Одбојкарките со пораз од Летонија, пропуштија три сет топки во последниот сет

Македонската женска одбојкарска репрезентација загуби со 0:3 (19:25, 17:25, 29:31) на гостувањето кај Летонија, за петти пораз едноподруго во првата сезона од Европската сребрена лига.

Овојпат, одбојкарките беа најблиску до освоен сет, откако во третиот сет пропуштија три сет-топки, за да останат без освоен сет во петте меча.

Тамара Стојанова имаше 11 поени за Македонија. Во последниот меч од групната фаза, Македонија во сабота игра со Австрија.

Фото: ОФМ

Scroll to Top