Top Sport

Францускиот врховен суд ја потврди забраната на носење хиџаб на натпревари

Врховниот административен суд на Франција денеска потврди дека Француската фудбалска федерација (ФФФ) има право да забрани носење хиџаб на натпревари, и покрај тоа што мерката го ограничува правото на слободно изразување.

Фудбалската компања „Ле хиџбус“, на фудбалерки кои носат хиџаб, поведоа јавна кампања против мерката на федерацијата, но судот го потврди правото за секуларизам во Франција, кое е воведено во далечната 1905 година. ФФФ забранува носење на религозни симболи на официјални мечеви и на натпреварувања која тие ги организираат, додека ФИФА дозволува фудбалерките да носат хиџаб.

„Со ова се потврдуваат републиканските и граѓанските вредности на фудбалот, со целосна посветеност на борба против дискриминацијата“, велат од ФФФ.

Федерацијата доби поддршка и од министерот за внатрешни работи на Франција, Жерард Дарманан.

„Не носите религиозна облека кога спортувате. Кога играте фудбал, нема потреба да ја знаете религијата на човекот пред вас“, изјави Дарманан.

Scroll to Top