Top Sport

Француските клубови најмногу потрошиле во зимскиот преоден рок

Француските фудбалски клубови потрошиле најмногу пари на засилувања во зимскиот преоден рок во 2024 година. Според извештајот на ФИФА, француските клубови за трансфери издвоиле речиси 270 милиони евра.

Сума што ја потрошиле француските клубови е двојно поголема од вкупната сума потрошена во истиор период минатата година. Исто така прв пат од 2017 година англиските тимови да на врвот на оваа листа. Англиските екипи зимава потрошиле 170 милиони евра.

ФИФА исто така обајави дека од трансфери најмногу заработиле бразилските клубови, околу 233 милиони евра.

Во светот се забележани 4.716 трансфери во вкупен износ од 1,35 милијарди евра, што е намалување за 8,2 отсто во однос на јануари 2023 година.

Scroll to Top