И пред четвртото коло во францускиот фудбалски шампионат, навивачите го продолжуваат бојкотот на единствената станица која има ексклузивно право да пренесува натпревари од Лига 1.
Станува збор за британската платформа „ДАЗН“ која ги откупи правата за пренос на натпреварите од елитното француско првенство пред почетокот на сезоната, но навивачите се шокирани од цената што треба да ја платат за да ги следат натпреварите.
Гледањето на еден натпревар од Лига 1 чини 15 евра, а за месечен пакет натпревари (сите натпревари) треба да се издвојат 40 евра. Во исто време, пет од осумте натпревари кои се нудат секој викенд не се опфатени со коментар, а нема викенд емисии, нема резиме на колото и нема преноси во 4K резолуција.
Поради оваа понуда на британската платформа, од стартот на сезоната се создаде револт кај навивачите, кој секој ден е се посилен, па на сите француски стадиони се викендов се подготвуваат акции чија цел е што е можно повеќе навивачи да го бојкотираат „ДАЗН“.
„Не смееме да му дадеме ниту цент на тој канал кој не го почитува францускиот фудбал или француските навивачи, толку е едноставно“, вели револтиран француски навивач.
„Мислам дека ова е направено без никакво чувство за навивачите, толку е скандалозно да се наплаќа толку многу за производ од Лига 1 што е полош од минатата година“, вели еден фан на Рен.
❌️ #BoycottDAZN ❌️
🔴 Pour résumer, DAZN c'est :
👉🏼 15€ par mois pour voir UN match de Ligue 1.
👉🏼 40€ par mois pour voir tous les matchs de Ligue 1 (et uniquement L1).
👉🏼 Cinq matchs (sur huit) SANS consultant.
👉🏼 PAS de debrief du week-end.
👉🏼 PAS de Multiplex ni de… pic.twitter.com/ujOHEMDEKw— La Minute Foot (@La_Minute_Foot) August 12, 2024