Фудбалерите на Интер се првите финалисти на Лигата на шампионите. Вечерва, италијанскиот тим ја победи Барселона со 4:3 по продолженија. Победничкиот гол го постигна Давиде Фратези во 99. минута од натпреварот, а токму тој застана пред камерите на „Скај Спорт“ по победата.
„Имам среќа што го завршив натпреварот бидејќи славев толку силно што ми се стемни и ми се вртеше главата. Морам да им се заблагодарам на физиотерапевтите бидејќи ги истегнав стомачните мускули и благодарение на нивната работа можев да играм. Голот е за нив“, рече тој.
„Вечерва навистина се случи нешто неверојатно. Не мислев дека можам да доживеам поневеројатна вечер од онаа во Минхен. Во сè што сум направил, секогаш сум бил последен што се откажува и прв што верува. Ова е награда за мојата посветеност. На 3:3 постојано му велев на Турам, кој беше уморен, дека на крајот ќе поминеме понатаму“.