Фудбалскот клуб Барселона го отпуштил целиот адвокатски тим. Челниците на „Блауграна“ решиле да повлечат ваков потег бидејќи адвокатите на клубот го советувале Лионел Меси.
Аргентинецот, во вторникот, побара раскин на договорот со клубот, а од адвокатите добил совет дека доколку го направи тоа ќе може да замине без обесштетување.
Клубот тврди дека Меси може да замине, но само под услов некој да ја плати откупната клаузула која изнесува 700.000.000 евра. Од друга страна адвокатската канцеларија го советувала Меси како и на кој начин може да го раскине договорот за да замине од клубот како слободен играч.
Бартомеу и неговите соработници кога дознале дека адвокатите им работеле зад грб веднаш им врачиле откази.
Од моментот кога соопшти дека сака да ја напушти Барселона Меси се поврзува со Манчестер сити, ПСЖ и Интер.