Top Sport

Фред ја врати надежта на Јунајтед против Барса, сега е 1:1

Манчестер јунајтед експресно се врати во игра во мега-дуелот со Барселона на почетокот на второто полувреме, откако Бруно Фернандеш и Фред ја искористија „опуштеноста“ во одбраната на гостите.

Каталонците имаа 1:0 водство од првото полувреме со голот на Роберт Левандовски од пенал, за Јунајтед во 47. минута да вратат преку Фред, кој доби одлична топка од Фернандеш и го совлада Марк-Андре Тер Штеген. Бидејќи првиот меч заврши 2:2, а веќе не важи правилото за гол-во-гости, ваков резултат би водел до продолженија и потенцијално пенали.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');