Бразилецот Фред, го крена галасот, поради одлуката челниците да именуваат привремено решение на менаџерската позиција. Германецот Ралф Рангник го наследи Оле Гунар Солскјер. По завршувањето на сезоната, тој ќе остане како советник во клубот, а некој друг ќе го преземе тимот.
Фред не е задоволен од овој потек на челниците. Смета дека Јунајтед нема долгорочен план.
„Важно е да се бележат добри резултати, но исто така важно е да имате долгорочен план. Мислам дека е лошо што ние немаме таков план. Се е сведено на краткорочни цели. Не знам како ќе се одвиваат работите по завршувањето на сезоната “, рекол Фред.
Бразиелцот, минатиот викенд постигна гол во победата над Лидс од 4.2. Вечерва со Јунајтед ќе гостува кај Атлетико во Мадрид, во Лигата на шампионите.