Бразилскиот фудбалер Фред ќе биде новото засилување на Фенербахче. Турскиот клуб на Манчестер јунајтед ќе му плати 15 милиони евра.
Фред ги помина претходните пет години на „Олд Трафорд“. За тоа време забележа 213 настапи во сите натпреварувања постига 14 голови и 19 асистенции.
Во текот на актуелниот преоден рок, Фенер веќе ангажираше голем број фудбалери – најзначајни засилувања се Един Џеко, Душан Тадиќ, Себастијан Шимански, Родриго Бесао и Густаво Енрике.
Фред минатата сезона го освои Лига купот со Манчестер јунајтед. Претходно играше и за Шахтјор и Интернасионал од Порто Алегре.