Top Sport

Фред: Тен Хаг воведе три „златни правила“ во Манчестер јунајтед

Бразилскиот фудбалер од средниот ред на Манчестер јунајтед, Фред, открива дека новиот менаџер Ерик Тен Хаг оваа сезона вовел „три златни правила“ кои го смениле тимот.

Ветувачката форма на „ѓаволите“ веќе донесе пласман во финалето на Карабао купот, а тие се на четвртото место на табелата во Премиерлигата.

„Тој е добар тренер и ни помогна многу. Сега имаме идентитет со кој одиме пред другите тимови. Има правила поставени во соблекувалната – не доцни, не прави погрешни работи, секогаш помогни му на својот соиграч. Тоа е многу важно. Мислам дека растеме секој ден“, вели Фред.

Scroll to Top