Top Sport

Ноер признава дека се чувствува виновен што ја скрши ногата на скијање

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, признава дека се чувствувал виновен откако поради скијачка несреќа ќе паузира до крајот на сезоната со скршена нога.

Германскиот голман по крајот на разочарувачкиот настап на Германија на Мундијалот во Катар, решил да оди на скијање и покрај советите од својот клуб да избегнува активности со голем ризик.

„Седев дома и се чувствував како гомно. Не можев да седам мирен. По несреќата, кога им кажував дека треба да одам на операција сите беа шокирани. Посебно во Баерн. Сепак, ќе се вратам назад посилен, и кога ми кажаа дека операцијата е успешна, сигурен сум дека ќе се вратам во форма“, вели 36-годишниот Ноер.

Scroll to Top