Менаџерот на Челси, Френк Лампард му се јавува на телефон секој ден на Дрис Мертенс во обид да го убеди да направи трансфер ова лето, вели соработникот на Мертенс, Винченцо Морабито.
Ова не е првпат „сините“ да се заинтересирани за белгискиот напаѓач, кого се обидоа да го донесат во јануари, но сега ситуацијата е подобра за англискиот клуб, бидејќи тој ќе биде слободен фудбалер на крајот на летото.
„Мертенс на почетокот кажа дека сака да остане во Наполи, но потоа неговиот адвокат почна да го нуди на други клубови, што значи дека нешто е сменето во клубот. Го знам тоа бидејќи работев со Оливие Жиру кој во јануари сакаше да замине од Челси, а тие му понудија скап договор. Челси сега му го продолжија договорот на Жиру, но тие остануваат заинтересирани за Мертенс и Лампард му се јавува секој ден“, вели Морабито.