Top Sport

Лаутаро и Лукаку за тесна 4:3 победа на Интер над Сасуоло (видео)

Интер во драматичен меч стигна до 4:3 победа на гостувањето кај Сасуоло да се доближи на само еден поен од лидерот Јувентус  по осум кола во Серија А.

Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез постигнаа по два гола (по еден од пенал), но во финишот на мечот изгледаше дека Сасуоло може да стигне до заслужено реми.

Лаутаро уште во втората минута со прекрасен гол им донесе водство на „нераѕурите“, но домаќините израмнија во 16. минута преку Доменико Берарди. Потоа на сцена стапи Лукаку, кој во 38. минута го врати водството на Интер, за во 45. минута со удар од белата точка да зголеми на 1:3.

Во второто полувреме, Лаутаро во 71. минута со нов гол од пенал зголеми на 1:4, но тоа не ги поколеба Сасуоло. Филип Ѓуричиќ само три минути подоцна намали на 2:4, а Жереми Бога во 82. минута ги доближи на 3:4. Ова придонесе за драматична завршница со неколку шанси за двата тима, но на крајот тимот на Антонио Конте си отпатува дома со три поени.

Scroll to Top