Top Sport

Фридкин ја купува Рома, Палота го презема Њукасл?

Според италијанскиот „Тутомеркато“, Фридкин групацијата е блиску до договор за купување на Рома за 600 милиони евра, додека сегашниот сопственик на „волчицата“, Американецот Џејмс Палота може да ги вложи парите во Њукасл јунајтед.

Фридкин и Палота беа во втората фаза од нивните преговори пред тие да се стопираат поради корона вирусот и обидот на Фридкин да ја намали цената на италијанскиот клуб,по што Палота изјави дека понудата е неприфатлива.

Сега, италијанските извори велат дека се работи за сума од 600 милиони евра, пониска од првичните 800 милиони евра. Според „Кориере дело спорт“, Палота средствата кои би ги добил за Рома би го купил Њукасл, по повлекувањето на инвеститорите од Саудиска Арабија поради правните пречки во Премиер лигата.

Scroll to Top