Поранешниот фудбалер на Арсенал, Емануел Фримпонг беше голема надеж на „топчиите“, но во моментов игра во Ермис Арадипу во Кипар, и не го заборавил ривалството со Самир Насри.
Фримпонг играше за Арсенал од 2011 година и остана миленик на фановите на „топчиите“ откако се судри со Самир Насри на мечот со Манчестер сити неколку месеци откако Французинот се пресели од Лондон кај „Сините“. Сега, тој вели дека омразата има корени.
„Се сеќавам кога добив црвен картон против Ливерпул и влегов во соблекувалната и мислев дека Венгер ќе биде лут, но тој ја сфати ситуацијата. Одеднаш дојде Насри и почна да ми вика и да ме обвинува за поразот. Бев млад и не знаев како да се однесувам, но тие зборови ме уништија и чувствував дека сите мислат така. Тогаш сфатив каков човек е тој. На тренинзите постојано се потсмеваше со мене и ми кажуваше дека може да ме купи како сака. Тој е идиот и никогаш нема да можам да го почитувам“, вели 26-годишниот Фримпонг.
Ниту кариерата на Насри не е најдобра во моментов – тој има шестмесечна суспензија поради користење на нелегална инфузија, а беше отпуштен од турскиот клуб Анталија само шест месеци откако беше најавен како големо засилување.