Top Sport

Фросиноне го отпуштија Лонго, нов тренер е Барони

Последно пласираниот тим во италијанската Серија А, го смени тренерот Морено Лонго и на неговото место го назначи Роберто Баронио.

Резултатите се тие што му пресудија на Лонго. Фросиноне, заедно со Киево, се најсериозните кандидати за напуштање на Серија А. Лонго со тимот забележа само една победа во 16 натпревари, во Серија А, која со само осум бода се наоѓа на претпоследното место.

Новиот тренер на Фросиноне, во кариерата, работел во неколку тимови, меѓу кои се Сиена, Кремонезе, Пескара, Новара и Беневенто.

Scroll to Top