Top Sport

Модриќ до тренерот на Атлетико: Не е фер што зборуваш така

Лука Модриќ, најдобриот играч во светот во изборот на ФИФА и „Франс фудбал“, се огласи по повод коментарите на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Пабло Симеоне.

Предводникот на Атлетико, неколку пати пред изборот на „Франс фудбал“, порачуваше дека Реал е во повластена положба, во однос на останатите, поради што најчесто играчите одо овој клуб ги добиваат индивидуалните награди.

„Куртоа се сели во Реал и одеднаш станува најдобар голман во светот, а кога беше кај нас наградата ја доби Кејлор Навас. Тука нема логика. Во денешниот фудбал мораш да знаеш каде си и што те чека, дури тогаш полесно се живее“, рекол Симеоне по доделувањето на „Златната топка“.

Модриќ, по речиси две недели решил да му реплицира на тренерот на градскиот ривал Атлетико.

„Ми пречи пристапот дека гласовите на оние што гласале во изминатите десет години биле веродостојни, а сега тие што гласале се измамници бидејќи гласале за некој друг, во овој случај за мене. Немам проблем со тоа што Симеоне смета дека негов или некој друг играч е подобар, но ми пречи неговата потреба константно да го омаловажува фудбалерите на реал“, рекол Модриќ во интервју за „Спортски новости“.

„Симеоне ја користи секоја прилика да инсинуира некакви нечесни работи со кои ги објаснува успесите на реал. Имам голем респект кон него и кон неговите играчи…Кога не победуваа искрено им честитавме. Не е фер ниту коректно нашите успеси да ги омаловажува со некакви приказни дека Реал е фаворизиран.

Scroll to Top