Еузебио ди Франческо се согласил да стане нов тренер на новиот прволигаш Фрозиноне, по неочекуваното заминување на Фабио Гросо.
Гросо, кој беше дел од италијанската репрезентација која го освои Светското првенство во 2006 година, реши да не го продолжи договорот со Фрозиноне иако убедливо ги донесе до првото место во Серија Б со седум поени предност пред Џенова.
Ди Франческо, кој ја направи својата репутација со Сасуоло пред трансферот во Рома во 2017 година, остана две сезони на „Олимпико“, по што имаше кратки ангажмани со Сампдоријаа, Каљари и Верона, заминувајќи си од трите клуба по неколку месеци.