Top Sport

Јувентус планираат да заработат 80 милиони евра од продажба на играчи

Јувентус имаат поставено цел од 80 милиони евра приход од продажба на играчи ова лето, во прва мерка за штедење на новата управа на клубот, тврди „Ла газета дело спорт“.

По (принудното) заминување на Андреа Ањели од позицијата претседател на клубот, „бјанконерите“ мораат да ја стабилизираат својата финансиска ситуација, која се ископмликува поради тоа што не успеаја да се квалификуваат за Лигата на шампиони по казната од 10 поени.

Тие веќе осигураа една продажба, таа на Дејан Кулушевски во Тотенхем, која им донесе околу 30 милиони евра, а според „Газета“, сега на ред се Вестон Меккени и Денис Закарија, кои беа на позајмица во Премиерлигата, но не се во плановите за иднината. Потешко ќе биде да го продадат Артур Мело, кој помина половина сезона во Ливерпул без ниту еден настап. Други на листата се Лука Пелегрини, Ханс Николуси-Кавиља, Кони де Винтер и Филипо Ранокија.

Scroll to Top