Top Sport

ФС на Италија планира да го тужи Манчини

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина изјави дека во Сојузот ја разгледуваат опцијата да поднесат тужба против поранешниот селектор Роберто Манчини.

Роберто Манчини, поднесе оставка на 13 август, а набргу потоа беше објавено дека за огромна плата ќе го преземе кормилото на репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Луѓето од ФС Италија побараа совет од правни експерти за тоа какви се нивните изгледи во евентуален судски спор.

Договорот на Манчини до 2027 година е вреден 24.850.000 евра годишно.

На кормилото на оваа азиска репрезентација тој го наследи Ерве Ренар, кој во март поднесе оставка.

Првиот натпревар на Манчини на кормилото на Саудиска Арабија беше неуспешен, неговата репрезентација загуби со 3:1 од Костарика во пријателски натпревар во Њукасл.

„Скај Спортс“ објави дека по натпреварот, властите на Саудиска Арабија му забраниле да дава какви било изјави за натпреварот.

Scroll to Top