Top Sport

Симболична казна за Јирген Клоп

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), во вторникот ја соопшти казната за менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп. Германецот беше под истрага бидејќи, во неделата, влезе на теренот за да го прослави победничкиот гол на својот тим против Евертон.

Клоп падна во делириум кога Ориги го искористи подарокот од противничкиот голман и во 96.минута го постигна единствениот гол во градското дерби. Тој влета на теренот и олот го прослави заедно со голманот Алисон.

ФА реши на симболичен начин да го казни Клоп. Германецот доби само парична казна од 8.000 фунти.

Клоп има право на жалба, меѓутоа веднаш по дербито изјави дека ќе прифати секаква казна од ФА.

Scroll to Top