Top Sport

Фудбал Ликс: Левандовски ќе заврши во ПСЖ

Весникот „Шпигл“, повикувајќи се на информациите на „Фудбал Ликс“, објави каде требало да заврши Роберт Левандовки. Полјакот, долгогодишен играч на Баерн Минхен, во летниот преоден рок го ангажираше за менаџер, Пини Захави, со надеж дека тој ќе може да му издејствува трансфер во Реал Мадрид.

Трансферот на се случи, иако Реал, во неколку претходно преодни рокови се обидуваше да го ангажира Левандовски.

Полјакот сакал трансфер со надеж дека ќе заигра во екипа со која може да стигне до трофејот во Лигата на шампионите.

Сепак, Захви не успеал да ги оствари намерите на својот клиент, бидејќи претседателот на Реал, Флорентино Перез, имал други планови во летниот преоден рок, поточно се обидувал да ангажира друг фудбалер како замена за Кристијано Роналдо.

„Шпигл“ открива дека Захави ќе се обиде да го однесе Левандовски во ПСЖ. Менаџерот има добри односи со ПСЖ. Тој беше клучниот човек за рекордниот трансфер на Нејмар. Откако го донесе Бразиелцот во Париз, Захави добил провизија од неколку милионие вра.

Инаку, Баерн немал намера да го продава Левандовски, но информациите говорат дека доколку ПСЖ понуди доволно пари, тогаш Баварците ќе го пуштат напаѓачот да си замине.

Scroll to Top