Top Sport

ПМФЛ: Вардар „падна“ во Чаир, Шкендија е нов лидер во Првата лига

Вардар загуби со 1:0 на гостувањето кај Шкупи благодарение на голот на Сержињо во 57. минута од мечот, за да дозволи актуелниот шампион, Шкендија да се врати сама на првата позиција во Првата лига по 2:1 победата во дербито со Работнички на „Филип Втори“ во Скопје.

Откако „црвено-црните“ забележаа само една победа во последните пет меча, го загубија првото место на табелата кое го држеа во поголемиот дел од шампионатот, откако Шкендија својата победничка низа ја продолжи со 2:1 победа над „романтичарите“, благодарение на головите на Емини и Мици.

Академија Пандев не го искористи „киксот“ на Вардар да се доближи на табелата, и останува трета со шест поени помалку од Вардар по поразот од 1:0 од Силекс. Ренова е четврта по 2:1 победата над Победа, додека Беласица доживеа тежок домашен пораз од 1:4 од Македонија ЃП.

ПРВА ЛИГА, 14. КОЛО

Беласица – Македонија Ѓорче Петров 1:4

Работнички – Шкендија 1:2

Ренова – Победа 2:1

Шкупи – Вардар 1:0

Силекс – Академија Пандев 1:0

Табела: 1.Шкендија 31, 2.Вардар 28, 3.Академија Пандев 22, 4.Ренова 19, 5.Победа 17, 6.Работнички 17, 7.Македонија ЃП 16, 8.Шкупи 15, 9.Силекс 14, 10.Беласица 14

Фото: ФК Шкупи/ФК Шкендија

Scroll to Top