Top Sport

Фудбал на далматински начин – голманот делеше сендвич со куче, на аут линијата пиеја и јадеа! (видео)

Од Хрватска, поточно од островот Хвар доаѓа едно видео кое целосно го покажува карактерот на луѓето од Далмација.

Мечот помеѓу Ватра и Слога беше не беше воопшто одлучувачки за титулата на островот Хвар, бидејќи таа веќе беше отидена кај НК Хвар, така што голманот на Ватра, Штефан Дулчиќ реши да се релаксира со сендвич додека неговиот клуб напаѓаше. Кога локалното куче го намириса ова и голманот реши да сподели од храната со него.

Покрај тоа, видеото покажува и каква е атмосферата покрај аут-линијата.

Според „Далматински портал“, празничната атмосфера била присутна на речиси сите мечеви од локалното натпреварување, одбележувајќи го моментот на дуелот помеѓу Леванда и Варбања, каде што фудбалерите на двете екипи по мечот заедно со навивачите си направиле гозба.

Scroll to Top