Top Sport

Фудбал на „господски“ начин за тие со подлабок џеб (видео)

Во саботата Каен и Лион одиграа 2:2 во Лига 1, а дуелот во француската лига остана одбележан за дел од навивачите по едно поинакво искуство – гледање фудбал од џакузи.

Во аголот на натпреварот, дел од навивачите имаа шанса да гледаат фудбал на „господски“ начин во обид да привлечат повеќе публика на стадионот.

Ложите и специјалните места за гледање фудбал не се новост во фудбалот – лани Баерн Минхен во соработка со хотелот „Мериот“ направија модификација на „Алијанц арената“ со која дел од навивачите имаа шанси да уживаат во фудбал во вистинска хотелска соба.

Scroll to Top