Џордан Синот, 25-годишниот фудбалер на Метлок таун, починал по физичкиот напад во кој добил фрактура на черепот објави полицијата од Ретфорд, Нотингемшајр.
Синот, кој играше како позајмен фудбалер во Метлок, од Алфретон таун, починал во 19 часот во саботата откако бил нападнат во центарот на малото градче Ретфорд во петокот навечер, а полицијата објави дека тој бил пронајден во несвест, а еден 27-годишен човек е приведен под обвинение за физичко насилство.
Синот беше фудбалер од средниот ред и син на поранешниот капитен на Хадерсфилд, Ли Синот. Тој ја започна кариерата во Хадерсфилд, пред во 2015 година да се пресели во Алтринчам, а во 2016 во Халифакс.
— Alfreton Town FC (@AlfretonTownFC) January 25, 2020