Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Томас Парти е обвинет за силување, објави „Пулс Нигерија“. Според изворот, 29-годишниот играч од Гана е обвинет за сексуален напад на девојка, која побарала да остане анонимна.
„Томас Парти е сериски силувач кој имаше среќа бидејќи датумот кога реши да ме силува за време на нашиот заеднички одмор беше десет дена пред Обединетото Кралство да го смени законот што ѝ дозволува на полицијата да истражува злосторства извршени во странство. Ме силуваше, ме остави без свест во кревет, па отиде на забава на Ибица. Потоа се врати, ми се насмеа в лице и рече дека не можам да го одбијам“, напиша девојката под псевдоним @deffonotchaur на социјалната мрежа „Твитер“.
Девојката исто така рече дека и било платено да не зборува за инцидентот. Парти и нејзините адвокати се уште не одговориле на обвинувањата за силување.
Во јули играчот беше обвинет за насилство од неговата сопруга, манекенката Сара Бела.