Фудбакскиот клуб Милан ќе активен во зимскиот преоден рок. Спортскиот сектор оцени дека се потребни засилувања во секоја линија.
Италијанските медиуми тврдат дека одбраната на Милан, од јануари ќе биде посилна за Јакуб Кивиор.
Полскиот репрезентативец, на почетокот на годината од Специја се пресели во Арсенал за 25 милиони евра. Тој е е незадоволен од минутажата што ја има во редовите на „топчиите“ и сака да се врати во Италија.
Оваа сезона Кивиор одигра само 413 минути за Арсенал, па разделбата е неизбежна. Со оглед на тоа што Кивиор е млад играч, можно е Арсенал да го испрати на позајмица на „Сан Сиро“.