Top Sport

Фудбалер на Баерн основал фондација за борба со Ковид 19, а не е вакциниран

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман се зарази со коронавирусот, а јавноста во Германија е шокирана со фактот што и понатаму петмина фудбалери се уште не се вакцинирани.

Шокот е уште поголем ако се знае дека фудбалерот на баварскиот тим, Џошуа Кимих кој заедно со Леон Горецка ја основаа фондацијата „Да ја шутнеме короната“ се уште не е вакциниран. Двајцата фудбалери дадоа по 1 милион евра.

„Секој од нас може нешто да стори за короната да не се шири понатаму, а сите заедно можеме да дадеме допринос за општеството“ изјави Кимих.

Тој и на УНИЦЕФ му донираше 500.000 евра за развивање на вакцина против Ковид 19, иако самиот се уште не е вакциниран.

Како што пишува угледниот „Билд“, Џошуа не е против вакцинација, туку сака да почека многу поквалитетна вакцина од постоечката.

Тренерот пак на Баварците Нагелсман пропагира општа вакцинација.

„Прашајте ги луѓето кои работат на клиниките каков е пеколот ако не сте вакциниран“ смета тој.
Нагелсман иако бил двапати вакциниран, сепак во моментов е во изолација откако е позитивен на вирусот.

Scroll to Top