Фудбалот во Англија го тресе нов скандал. Фудбалерот на Бартон Албион, Вилијамс Коколо е обвинет дека во еден ден извршил дури три силувања. Според медиумите ова обвинението е поднесено на 31.август.
Наводните злосторства се случиле во областа Бирмингем на 13. февруари 2022 година.
„Бартон Албион е свесен за обвинувањата кои се упатени против нашиот фудбалер. Клубот разговараше со него, но клубот не е во можност да даде никакви коментари“, стои во клупското соопштение.
Коколо кариерата ја започна во Монако, по што следеше трансфер во Англија.
Прво играше за Сандерленд, а зимата 2022 година го облече дресот на неговиот сегашен клуб Бартон Албион.