Top Sport

Фудбалер на Дерби посака да изгори стадионот на клубот, фановите бараат отказ (видео)

Напаѓачот на Дерби каунти, Мејсон Бенет мораше да се извинува на навивачите на англискиот второлигаш откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој го пцуе стадионот на клубот „Прајд парк“ посакувајќи тој да изгори.

Во видеото, Бенет се слуша како вели: ’Еб.но изгори. Еб.но изгори’ пред стадионот на клубот, по што тој се правдаше дека се работи за „приватна шега“.

23-годишниот Бенет, кој беше позајмен на Милвол кога пандемијата на корона вирусот го прекина фудбалот во Англија.

„Видеото кое се појави е само приватна шега, со која не сакав да им наштетам на навивачите на Дерби. Клубот е одличен со мене и секогаш ќе бидам благодарен. Се извинувам ако навредив некого“, напиша Бенет.

Дел од навивачите на Дерби не го прифатија извинувањето, и побараа од клубот да му го раскине договорот. Ова не е првпат Бенет да е вклучен во контроверзи – во септември 2019 година беше вклучен во сообраќајна несреќа со соиграчите Том Лоренс и Ричард Кеог, додека беше во алкохолизирана состојба. За ова му беше одземена возачката дозвола во период од две години, а клубот го казни со шест неделни плати.

Scroll to Top