Top Sport

Тајсон доби понуда од милион долари за меч против рагбистот Сони Бил Вилијамс.

Враќањето на Мајк Тајсон во боксерскиот ринг можеби е многу блиску откако еден промотер му понуди милион долари за меч против рагби легендата на Нов Зеланд, Сони Бил Вилијамс, кој сега се префрли во боксот.

Тајсон најави дека се подготвува за неколку „мечеви за добротворни цели“, работејќи со ММА експертот Рафаел Кордеиро на својата подготвеност, што ја покажа со неодамнешното видео на кое се забележа дека и покрај своите 53 години, не ја загубил брзината.

Австралискиот промотер, Брајан Аматруда веќе му понуди меч против Вилијамс, кој има совршен скор во аматерскиот ринг, или против поранешните рагбисти Бери Хол и Пол Гален.

„Ќе имаме меч во ’Мелбурн арената’ пред 10.000 луѓе или на ’Принсис парк’ пред 30.000 луѓе. Тајсон можеби има 53 години, но е големо име, а било кој од тие рагбисти ќе се подготвени да се обидат со него“, изјави Аматруда.

Scroll to Top