Top Sport

Фудбалер на Евертон донираше 5.000 фунти за повредениот навивач на Ливерпул!

Ривалството меѓу Ливерпул и Евертон е познато на сите љубители на англискиот фудбал, но тоа не значи дека човечноста не треба да е на првото место.

Ова најдобро го покажа дефанзивецот на Евертон, Шејмус Колмен, кој донираше 5.000 фунти во фондот за поддршка на навивачот на Ливерпул, Шон Кокс, кој беше избоден од навивачи на Рома пред полуфиналето од ЛШ во април. 53-годишниот Ирец Кокс уште е во кома по инцидентот во април, и за него донираа повеќе фанови на Ливерпул за сумата да дојде до 220.000 фунти.

Сега, Колмен даде 5.000 фунти за Кокс, сума која претходно ја донираше и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Мораме да бидеме заедно, а фудбалот е добра причина. Ривалствата не се важни во вакви работи – гледате само човек кој бил таму да навива за својот тим и работите не завршиле добро. Сакав да остане моето име и да не биде анонимна донација бидејќи понекогаш тоа дава повеќе публицитет. Не се работи за Ливерпул и Евертон, туку за човечки односи“, вели Колмен.

Фото: ЕПА

Клоп донираше 5.000 евра за повредениот навивач на Ливерпул

Scroll to Top