Top Sport

Фудбалер на Хамбургер лажел за својот идентитет

Според германскиот „Спорт билд“, ѕвездата на Хамбургер, Бејкери Џата дал лажни информации за своето име и својата возраст, откако двајца тренери од Гамбија потврдиле дека левото крило играло за нивните тимови под името Бакари Дафех.

Според весникот, Џата не е роден на 6 јуни 1998 година како што пријавил при доаѓањето во Германија како имигрант, туку на 6 ноември 1995 година. Името Бакари Дафех се појавува на различни спортски портали од Гамбија и Сенегал до летото 2015 година, исто време кога Бејкери Џата пристигнува во Германија. „Билд“ смета дека Џата лажел за својата возраст за да добие предност при барањето азил.

„Не играв за ниту еден клуб во Африка, бидејќи таму како да не постоев. Играв фудбал со моите пријатели, обично бос и на бетон, бидејќи немав копачки“, изјави неодамна Џата.

Од Хамбургер велат дека ги имаат сите потребни документи на фудбалерот и дека тој „бргу се интегрирал“ во клубот. Сепак, „Билд“ додаваат дека случајот на Џата може да биде под истрага на Германската канцеларија за миграција и бегалци.

Scroll to Top