Top Sport

Пике: Нејмар мора да каже дека сака назад во Барса

Жерард Пике вели дека сите најави за желбата на Нејмар да се врати во Барселона мора да дојдат директно од Бразилецот, а не од други извори блиски до ѕвездата на Пари Сен-Жермен.

Околу иднината на Бразилецот и неговата желба за враќање во Каталонија ова лето има безброј шпекулации, иако тој помина само две сезони во Париз по рекордниот трансфер од 222 милиони евра од Барса. Каталонците остануваат неговиот омилен тим, а последните вести велат дека би можел да се склучи договор за позајмица на две години со опција за купување следното лето, но пике вели дека 27-годишниот Нејмар мора да зборува јасно и гласно.

„Секако, јас постојано сум во контакт со него, но тој треба да зборува. Имаме приватни разговори и тие не се за јавност. Тој е ѕвезда на теренот и се надевам дека нешто ќе се случи. Се работи за голем фудбалер, кого го познаваат сите во соблекувалната, градот и клубот. Знам дека се работи за компликувана ситуација, тој е фудбалер на ПСЖ, клуб со големи амбиции. Знаете дека сите сме пријатели со него и тоа нема да се смени“, вели Пике.

Scroll to Top