Напаѓачот на калчолигашот Каљари, бугарскиот интернационалец Кирил Десподов отишол на одмор во татковината и се заразил со коронавирусот, потврдија од клубот.
Десподов дознал дека е позитивен на Ковид 19 само неколку дена пред почетокот на подготовките за новата сезона во Серија А.
Иако немал симптоми, се тестирал пред патот кон Италија за прозивката на својот тим.
Според протоколите, Десподов ќе мора наредните 14 дена да ги помине во карантин, а дури кога ќе се опорави, ќе добие дозвола да се врати во Сардинија и да и се приклучи на екипата.