Шефилд јунајтед потврдија дека ја истражуваат снимката која се појави на социјалните мрежи на која нивниот напаѓач, Шкотланѓанецот Оли Мекбарни напаѓа човек и му го крши телефонот.
Снимката почнува со извик „Мекбарни“ пред Шкотланѓанецот да го нападне човекот и потоа да му го гази мобилниот телефон.
Мекбарни, кој е повреден во моментов, е познат по неговото конфликтно однесување. Тој беше казнет 28.500 фунти за возење во алкохолизирана состојба, а во 2020 доби предупредување од Фудбалската асоцијација (ФА) откако беше снимен како ги пцуе навивачите на Кардиф додека беше меѓу навивачите на Свонси.
Oli mcburnie my number 9 ??
— ً (@SufcLuke_) May 9, 2021