Top Sport

Фудбалер на Виченца се бори за живот по мозочен удар

Италијанскиот третолигаш Виченца објави дека фудбалерот од нивниот У-17 тим, Едоардо Болцон се бори за својот живот по мозочниот удар кој го преживеал во понеделникот.

Младиот дефанзивец се разболел вчера вечерта, по што веднаш бил однесен во болницата во Тревизо на итна операција, но уште останува во критична состојба.

„Едоардо, секогаш се покажуваше како воин на фудбалскиот терен, се бореше за секоја топка повеќе од сите во тимот. Ова е уште потежок меч кој те очекува, но ја знаеме твојата сила, и сите сме покрај тебе. Форца Едо, не се откажувај. Те чекаме со твојот дрес на теренот“, објави поранешниот прволигаш на Твитер.

Scroll to Top