Top Sport

И Хрватите ја поништија ракометната сезона

Управниот одбор на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) потврди дека се поништуваат сите лигашки и куп натпреварувања во 2019/20.

Ова значи дека Хрватска оваа сезона нема да има ракометни шампиони во сите натпреварувања кои не се комплетирани.

„Сите клубови остануваат и во сезоната 2020/21 со статус кој го имаа на почетокот на оваа сезона, што значи нема да има испаѓање и влегување во повисока лига. За европските натпреварувања, како и за СЕХА лигата ќе се пријават клубовите кои го обезбедија тој статус на крајот на сезоната 2018/19“, се вели во соопштението.

Scroll to Top