Top Sport

Фудбалер на Зенит претепан поради паркинг

Дефанзивецот на Зенит, Денис Терентјев е брутално претепан во близината на својот дом во Санкт Петербург поради расправија за паркинг.

25-годишниот Терентјев се пријавил во болница, каде што му бил дијагностициран скршен нос, а руските медиуми велат дека проблемите настанале откако еден непознат мотоциклист се паркирал на местото на Терентјев. По ова се случила расправија, а на крајот фудбалерот страдал повеќе.

Scroll to Top