Младиот ирски фудбалер Кевин О’Конор за Нова година стана милионер, откако добил еден милион евра на Националната лотарија.
Играчот на нисколигашот Престон Норт Енд среќното ливче го добил како новогодишен подарок од својот вујко.
„Секако дека не ја очекував наградата. Вујкото ми го подари ливчето како подарок за Нова година. Јас му го испратив на семејството за да ги провери бројките и не можев да поверувам кога ми кажаа дека сум добил милион евра. Засега немам никави планови со парите. Ќе размислам добро што да правам. Најважно е што сум со своето семејство“, рекол О’Конор.
Инаку, О’Конор, во летниот преоден рок од Корк Сити се пресели во Престон за солидна месечна плата, која изнесува 10.000 гунти.
Овој играч во кариерата четири пати го носел дресот на младата репрезентација на Ирска.